KSZD

Почетна

Последни новости

Новости

8 Април-Меѓународен ден на Ромите

Одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите ја одразува заедничката посветеност за праведна и недискриминаторска еманципација и не потсетутва на годишнината од основањето на „Меѓународната ромска унија“ во Лондон во 1971 година, кога ромската заедница доби своја химна и знаме. 8 Април е од суштинско значење за ромската заедница во славење на признавањето на нивната култура и одбележување на нивната историја. Овој ден е исто така можност да се потсетиме дека во денешна Европа, многу Роми сè уште трпат впечатлива дискриминација во нивниот секојдневен живот. Се проценува дека на европскиот континент живеат од 10 до 12 милиони Роми, од кои повеќе

Прочитајте повеќе »
Новости

ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ОБЛАСТ РАБОТА И РАБОТНИ ОДНОСИ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора јавна консултација, чија цел е да се приберат податоци за искуства и ставови за дискриминаторските практики кои се присутни во нашето општество во областа работни односи на било кој основ на дискриминација, како и за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) и другите закони кои важат во областа работа и работни односи кои се на сила, а кои ја опфаќаат и заштитата од дискриминација (на пример, Законот за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица, итн). Оваа јавна консултација е отворена за сите физички лица, експертската јавност

Прочитајте повеќе »
Новости

31 март- Меѓународен ден за видливост на трансродовите лица

По повод 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува поддршка на заедницата на трансродовите лица и нивните здруженија во борбата за еднаквост, недискриминација и почитување на човековото достоинство. Трансродовите лица се системски дискриминирана и дехуманизирана заедница, која секојдневно се соочува со прекршувања на права, но и насилство. Системската дискриминација кон трансродовите лица најнапред е видлива преку отсуството на законско решение за правно признавање на родот – постапка за промена на личното име, матичниот број и ознаката за пол во личните документи. Оваа постапка, согласно потребите на заедницата и меѓународните стандарди,

Прочитајте повеќе »
Новости

КСЗД и Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби – потпишан Меморандум за соработка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“, склучија Меморандум за соработка за промовирање на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства, промоција, заштита и превенција на еднаквоста и овозможување на системски промени за нивно вклучување во сите социјално-оптествени процеси согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација. Меѓу другото, со овој Меморандум договорено е покренување заеднички иницијативи за унапредување на правната рамка која гарантира еднаквост и забрана на дискриминација на лицата со попреченост, обезбедување на програми за подигање на јавната свест за отстранување и надминување на

Прочитајте повеќе »
Новости

Да се исполнат препораките од Комисјата за непречено гласање на сите лица. Ќе вршиме мониторинг на вознемирувачки говор! – Прес конференција на КСЗД

Во пресрет на претстојните претседателски и парламентарни избори, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација апелира да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право. Потсетуваме, Комисијата на 9 август 2021 година, утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и индиректна дискриминација која произлегува од одредбите на Изборниот законик, врз основа на возраст, во остварување на гласачкото право на лицата кои наполниле 18 години меѓу два изборни круга на претседателските избори во 2019 година. Овие лица заради одредбите од изборниот законик не можеле да бидат

Прочитајте повеќе »
Новости

8-ми Март, Меѓународен ден на женските права и борбата за родова еднаквост!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, оваа година, преку Маршот за женски права, организиран од Платформата за родова еднаквост, се приклучува кон одбележување на 8-ми Март, Meѓународниот ден на жената. КСЗД констатира дека, родовата дискриминација е сеприсутна реалност на жените во Република Северна Македонија во повеќе области. Како заштитник на човековите права и борец за остварување на еднаквост на жените, Комисијата потсетува дека има донесено две општи препораки. Едната општа препорака се однесува на родовата дискриминација во затворскиот систем, во кој жените немаат можност на ист начин како и мажите да прогресираат во установи од полуотворен и отворен тип,

Прочитајте повеќе »
Skip to content