Најчестите форми на дискриминација за време на изборен процес се:
- Вознемирувачки, дискриминаторски говор и говор на омраза:
Изборните кампањи треба да се искористат за промовирање на
човековите права, еднаквостa и недискриминацијата за сите
граѓани. Различните ставови, идеи и политики за време на
изборните кампањи треба да се изразуваат со аргументи, а не со
говор на омраза. Сексизмот, ширењето предрасуди кон ЛГБТИ
луѓето, ширењето меѓуетничка омраза, користење на
маргинализираните групи за заплашување и обединување во
омразата, не значи слобода на говор. Напротив, тоа се недозволиви
и незаконски начини за прибирање гласови и алатки за зголемување
на нееднаквоста и дискриминацијата меѓу луѓето. - Дискриминација врз основа на попреченост: Непристапни гласачки
места за луѓе со попреченост. - Дискриминација врз основа на здравствен статус и/или
попреченост: Необезбедувањето на правото на глас на луѓе
сместени во здравствени установи и установи за палијативна нега. - Дискриминација врз основа на возраст: Пропуштање младите со
навршени 18 години имаат право на глас да се заведат во
избирачкиот список.
За пријавување дискриминација за време на изборен процес може да го
користите овој формулар, да го поднесете во просториите на КСЗД или на
емаил contact@kszd.mk