Последни новости

Флора Кадриу – претседателка на КСЗД
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја известува јавноста, дека согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација (член 16, став 4), по принципот на ротирање на претседателското место, на 22-тата седница на Комисијата, одржана на 4.11.2026 година, за претседателка на КСЗД, членовите ја избраа Флора Кадриу. Новата претседателка, функцијата ја презеде од досегашниот, Душан Томшиќ, во колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата. За заменик претседателка на Комисијата, назначена е членката Наташа Амдију. КСЗД му изразува благодарност на г. Томшиќ за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како и

Осумнаесет луѓе не се статистика
Првите наоди од истражувањето VIOLET за сексуалното вознемирување во училиштата и што можат работодавачите да направат веднаш Кога се објавува истражување за сексуалното вознемирување на работното место, првото прашање обично е колку е голем проблемот. Првите наоди од истражувањето VIOLET, кое Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го спроведе во јули и август оваа година, на прв поглед нудат смирувачки одговор. Над 94% од вработените во основните и средните училишта велат дека никогаш не доживеале ниту еден од 14-те испитувани облици на сексуално вознемирување. Кај најтешките облици тој процент надминува 98%. Токму тука треба да застанеме. Ниските проценти не

Став на КСЗД:Жените не се под ничиј надзор – еднаквоста и достоинството не се предмет на преговори!
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација изразува сериозна загриженост и ги осудува јавните ставови, особено оние изнесени од јавни личности, со кои се промовира стереотипно сфаќање на улогата на жената во општеството и се релативизира насилството во партнерските и семејните односи. Нарушените односи во семејството не можат и не смеат да бидат причина или оправдување за насилство. Односите меѓу брачните другари се засноваат врз рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање, а не врз односи на надреденост, контрола или подреденост. Ова јасно произлегува од член 6 од Законот за семејството. Ваквите пораки поттикнуваат и зацврстуваат родови стереотипи според кои жената

Покана за доставување понуди за набавка на услуги и проектна задача (TоR)
За потребите на проектот „VIOLET“ кој е финансиран од Европската Унија, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, има потреба од ангажирање два (2) експерта за набавка на услуги за развој и спроведување на национални превентивни програми на работните места во секторот на образование. Краен рок на доставување на понудите е до 16.11.2026 година, до 14:00 часот. Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на КСЗД, violet@kszd.mk, најдоцна до 12.11.2026 година.

КСЗД и Народниот правобранител одржаа работилница за заштита од дискриминација и унапредување на човековите права во Тетово
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Народниот правобранител во Тетово, одржаа локална работилница и дискусија на тема „Поблиску до граѓан(к)ите: заштита од дискриминација и унапредување на човековите права“. Активноста беше реализирана со поддршка на проектот „Борба против омраза и нетолеранција“, во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција III“. На работилницата учествуваа претставници на Општина Тетово, локалните институции, основните и средните училишта, јавните детски градинки и граѓанските организации. Присуството на претставници од различни сектори овозможи размена на искуства, мислења и предизвици со кои се соочуваат во секојдневната

КСЗД и ЗЕЛС за унапредување на заштитата од дискриминација и почитување на човековите права на локално ниво
Денеска, во просториите на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), се одржува работилница на тема „Интегрирање на пристапот заснован на човекови права на локално ниво“, со фокус на унапредување на соработката меѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и единиците на локалната самоуправа. На работилницата со поздравни обраќања учествуваа претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ, Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4 од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ и Ирена Николов, советник за обуки и одговорна за родова еднаквост и социјална заштита во ЗЕЛС. Единиците на локалната самоуправа имаат значајна улога во



