Последни новости

Објавено Мислењето донесено по поднесена претставка против Здружението „Иван Михајлов – Битола“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на прес–конференција ги објави Мислењето и Препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, за извршена дискриминација по основ на национална и етничка припадност во областа на делување во здруженија, фондации или други организации засновани на членство кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна 1941 – 1945, кон македонскиот народ и припадниците на сите етнички заедници

„Дискриминирачки говор на дигиталните медиуми – состојба и предизвици”
Во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски, во „Вила Водно“ се одржа јавна дебата на тема „Дискриминирачки говор на дигитални медиуми – состојба и предизвици”. На едно место се собраа и обединија сите заинтересирани општествени чинители и актери, со цел создавање на иницијална Платформа и нејзин план на активности за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот, при што од страна на претстатвниците на невладините организации беа предложени повеќе конструктивни и креативни

Утврдено вознемирување врз лицата со попреченост од страна на директорот на Центарот за управување со кризи
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, постапувајќи по службена должност, утврди вознемиурање врз основа на попреченост кон лицата со попреченост, сторено од директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, во областа на медиумите и јавното информирање. По реакција на повеќе здруженија на граѓани за дадена вознемирувачка изјава кон лицата со попреченост во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа од страна на Ангелов, Комисијата поведе постапка по службена должност. Во споменатата емисија, Ангелов на прашањето на водителот на емисијата дали ќе се нафати на дебата со лицето Благојчо Георгиев (лице кое користи инвалидска количка), меѓу другото Ангелов

Со поинтензивна меѓусебна соработка и размена на позитивни искуства до поефикасна борба за сузбивање на сите облици на дискриминација
Скопје, 7. септември 2022 година – Државните тела за еднаквост во земјите од регионот се соочуваат со различни предизвици кои можат да имаат значително влијание врз начинот и ефикасноста во нивното делување. Неопходна е уште поинтензивна меѓусебна соработка, како и поголема размена на искуства и конкретни примери на постапување во одредени случаи, што ќе им помогне на телата со помалку развиена практика да ја зголемат својата ефикасност во остварување на своите законски надлежности. Посебно на оние кои се однесуваат на постапувањето по претставки од граѓаните и правните лица, во давањето мислења, препораки и совети за покренување судска или друг вид

Шеста регионална конференција на телата за еднаквост од регионот: Како до поефикасно сузбивање на сите видови дискриминација!?
Скопје, 6. септември 2022 година – Улогата на телата за еднаквост во судската постапка за заштита од дискриминација, стратешкото застапување пред домашните и меѓународните судови и преминувањето на товарот на докажување во судски постапки и постапките пред телата за еднаквост, се главните теми за дискусија на вториот ден од регионалната конференција на телата за еднаквост што се одржува во Скопје, во организација на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. „Верувам дека зборувањето и информирањето за дискриминацијата, едукацијата, сознанието и во исто време, прифаќањето и почитувањето на различностите е клучот кон вистински хумано,

КСЗД домаќини на „Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа“
Од денеска до 7. септември 2022 година, во Скопје ќе се одржи „Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во Југоисточна Европа“. Домаќин на конференцијата е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а на неа учество ќе земат претставници на надлежните институции за борба против дискриминацијата и заштитата на човековите права од земјите во регионот. Конференцијата започнува со прием кај претседателот Стево Пендаровски. На тридневната конференција, своето присуство го потврдија претставници и претставнички на националните тела за еднаквост на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и