KSZD

Почетна

  • Пријави дискриминација

Последни новости

Новости

„ОБЕДИНИ СЕ! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата“

Под мотото „ОБЕДИНИ СЕ! Активизам за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата“, од денеска 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, започнуваат „16 дена активизам против родово засновано насилство“. Насилството врз жените и девојчињата останува најраспространето кршење на човековите права ширум светот. Антифеминистичките движења се во пораст, нападите против жените бранители на човекови права и активисти се зголемуваат, а правниот статус на правата на жените е се` повеќе загрозен во многу земји. Регресивните нови закони ја влошуваат неказнивоста на сторителите на семејно насилство, а организациите за правата на жените се повеќе се маргинализираат. Со

Прочитајте повеќе »
Новости

16 ноември, Меѓународен ден на толеранцијата

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на толеранцијата со порака за почит, прифаќање и градење на толеранција во богатата разновидност на културите и народите. Толеранцијата подразбира волја и способност да се прифати и да се дозволи различноста, разликите во политичките уверувања, верските и расните уверувања, или пак за разликите меѓу половите. Со промовирањето на толеранција градиме хармонија помеѓу различноста за да обезбедиме подобра иднина. Да ги негуваме човековите вредности, раличните религии, да создаваме  единство меѓу народите, сите заедно да придонесеме кон градење на општество во кое владее мирот, толеранцијата и љубовта. Да ја искорениме дискриминацијата, говорот и делата од омраза,

Прочитајте повеќе »
Новости

Општина Кавадарци постапи по препораките од КСЗД

КСЗД утврди дека, Општина Кавадарци во зададениот рок, постапила по препораките донесени од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за извршена дискриминација по основ на етничка припадност, припадност на маргинализирана група, социјално потекло и имотен статус на лица кои живеат во населбата ,,Тенеќе маало“ во општината Кавадарци. Станува збор за околу 300 Роми кои живеат непосредно до централното градско подрачје во импровизирани живеалишта и дел куќи од цврста градба, а кои немаат соодветен пристап до јавни услуги, пристап до водоводна мрежа, канализациона мрежа и приклучоци за струја. При тоа, Комисијата утврди директна дискриминација  страна на Општина Кавадарци и препорача,

Прочитајте повеќе »
Новости

КСЗД со нов претседател

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја известува јавноста дека на 21-та седница, одржана на 2.11.2022 година, членовите едногласно за нов претседател на КСЗД го избраа Исмаил Камбери, додека за заменик претседател е избран Игор Јадровски. Оваа промена следи по оставката, која од лични причини ја поднесе Кире Василев од местото претседател и член на КСЗД.

Прочитајте повеќе »
Новости

КСЗД во Извештајот на Европската комисија

Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Северна Македонија, во неколку делови се нотира и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно проблемите со кои се соочува. ЕК забележува недоволна распределеност на потребните финансиски и човечки ресурси од страна на државата кон КСЗД, со што се оневозможува целосна функционалност на Комисијата. Според извештајот, многубројните логистички и финансиски предизвици ја попречуваат работата на ова тело за еднаквост. Се наведува дека Владата повторно го скрати годишниот буџет на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, а не е завршено и пополнувањето со  административен персонал. Според Европската Комисија,

Прочитајте повеќе »
Новости

Закани за физичка ликвидација на член на КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најостро реагира за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на членот на КСЗД Весна Бендевска, извршено на двата профили на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа „Фејсбук“. Во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини. За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од

Прочитајте повеќе »
Skip to content