Последни новости

„Квалитетно образование за сите“ – КСЗД во советодавниот одбор
Во рамки на проектот „Квалитетно образование за сите“, денеска беше формиран Советодавен одбор составен од претставници од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инпекторат, Државниот испитен центар, Институтот за педагогија, Центарот за стручно образование и обука, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Советот на Европа. Овој проект има за цел да ги промовира демократијата и човековите права во образованието со користење на сеопфатен сет на иницијативи на политичко и локално ниво, со цел да ги подготви младите со потребните вештини за живот во мултикултурно општество. Проектот кој ќе трае три години е имплементиран од

„Здружени и гласни за општество без дискриминација“ – трибина во општина Градско
Во општина Градско се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација, на која присуствуваше членот на КСЗД Лимко Бејзароски, заедно со претставници од различни невладини организации. Бејзароски им посочи на присутните претставници на невладините организации и на општина Градско, дека треба да ги информираат своите членови и граѓаните, доколку по било кој основ и област им се нарушени правата, можат да поднесат претставки до Комисијата која, како што наведе, ќе им овозможи бесплатна правна помош. – Нашето постапување е еднакво, неселективно и праведно за сите граѓани без разлика на нивната политичка, етничка или друга припадност, истакна Бејзароски

„Системска дискриминација кон земјоделките/ците во остварување на правото на платено отсуство поради бременост, раѓање, мајчинство и боледување“
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Мрежата за заштита од дискриминација денеска (11.4.2023г.) одржаа прес-конференција на која беше презентирано донесеното мислење од КСЗД за утврдена дискриминација при остварување на правото на надоместок на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство (право на платено породилно отсуство) и правото на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда (право на платено боледување) кај индивидуалните земјоделки и земјоделци. Комисијата утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација кон индивидуалните земјоделки во остварување на правата на надоместоци од Законот за здравственото осигурување и

8 април – Меѓународен ден на Ромите
Меѓународниот ден на Ромите се одбележува секоја година на 8-ми април, за да се слави и подигне свеста за ромската култура и историја, но и да се промовираат нивните права. Како една од најраспространетите етнички групи во светот, со население од над 12 милиони кои живеат во различни земји, Ромите имаат богато културно наследство, вклучувајќи традиционална музика, танц и раскажување приказни, како и уникатен јазик, ромски. Но, и покрај нивното културно богатство, Ромите долго време се соочуваат со дискриминација и прогон, вклучувајќи присилна асимилација, присилна миграција и геноцид. Во многу земји тие се маргинализирани и се соочуваат со сиромаштија, невработеност

КСЗД на студиска посета во Република Србија
Споделувањето на знаење и искуство со телата за еднаквост од регионот е од особено значење за Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата, во текот на три дневната студиска посета кај Повереникот за заштита на рамноправноста во Белград, Србија разговараше за водење стратешки судски постапки за случаи на дискриминација и нивното исклучително значење за унапредување на еднаквоста. Посета беше остварена и во Министерството за човекови и права на малцинствата, како и Мисијата на ОБСЕ во Србија. Дополнително, во текот на посетата, членот на КСЗД, Игор Јадровски, даде свој придонес на конференција

Јавен повик за граѓански организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик насочен кон граѓанските организации за пријавување за обука за „Тестирање ситуација“. Комисијата, во насока на своите стратешки цели, ќе спроведе обука за граѓански организации која ќе има за цел да го прошири и зајакне теоретското и практичното знаење во однос на „Тестирање ситуација“ како метод за докажување дискриминација, преку вклучување на организирани тестери кои делуваат во споредбена ситуација за да ја истражат појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области врз која било дискриминаторска основа. Согласно методологијата, обуката опфаќа теоретски сесии за концептот на тестирање на ситуацијата и презентација