ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (во натамошниот текст:КСЗД), со седиште на ул. Даме Груев 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
КСЗД е самостоен и независен орган кој работи во согласност со надлежностите утврдени со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Во насока на реализирање на своите надлежности, афирмирање на човековите права во општеството и градење на стекнување кредибилност, КСЗД ја утврди следната визија и мисија:
ВИЗИЈА
Комисијата за заштита од дискриминација е двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човекови права и елиминирање на сите видови дискриминација која ужива голема доверба кај граѓаните.
МИСИЈА
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е независно, професионално, ефективно и ефикасно, проактивно, транспарентно и достапно тело кое одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии податоци собираме
Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Подносителите на претставки до КСЗД. Овие претставки содржат информации за идентитетот на подносителот на барањето и потенцијалниот дискриминатор, и тоа:
- Подносител на претставка
-Име; Презиме; Адреса/Седиште; Пол; Датум на раѓање; Телефон; E-mail; Етничка припадност
- Потенцијален дискриминатор
-Име; Презиме; Адреса; Телефон
- Лицата кои како странка се јавуваат во постапките за спречување и заштита од дискриминација во случаи на поведување на постапка по службена должност, како и лица кои се јавуваат како дискриминатори. Во овие случаи се обработуваат личните податоци како и во горенаведениот дел.
- Подносител на претставка
– Име; Презиме; Адреса/Седиште; Пол; Датум на раѓање; Телефон; E-mail; Етничка припадност
- Потенцијален дискриминатор
– Име; Презиме; Адреса; Телефон
- Членовите, вработените и ангажираните лица во КСЗД – Во овие случаи се обработуваат овие лични податоци :
– Име; Презиме; Адреса на живеење; Матичен број; Образование; Телефонски број; E-mail адреса; Пол; Етничка припадност; Работно место
- Лица кои бараат пристап до информации од јавен карактер врз основа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. За да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци, и тоа:
-Име и презиме; Адреса; Телефон и E-mail
- Посетители на нашата интернет страна kszd.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња. (линк).
- При посетата на нашата веб страница, на серверот за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страница и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која Ве префрлила на нашата вебстраница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на нашата институција;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, истрага, корективни санкции, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските и регулаторни барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања од областа на заштитата на личните податоци, обезбедување на повратни информации, поднесување на барања и иницијативи за спроведување на супервизија, учество на нашата мрежа за офицери за заштита на лични податоци, пријавување на злоупотреба на лични податоци на социјалните мрежи, пријавување на збирки на лични податоци со висок ризик и/ или повреда на лични податоци или барање на било која услуга од КСЗД.
Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис. Во нашите Годишни извештаи вообичаено се наведуваат статистички податоци за бројот на барањата и/или иницијативите кои пристигнале, во форма која не открива нечиј идентитет.
Како ги собираме личните податоци
Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:
- преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за аплицирање;
- преку нашиот email: contact@kszd.mk
- преку пошта,
- по факс,
- усмено.
За усните барања, се подготвува записник кој се потпишува од страна на лицето кое го поднело усното барање и од страна на лицето вработено во КСЗД, кое го составило записникот и заведено во архивата на КСЗД.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со on-line услугите достапни преку интернет страната на КСЗД, се извршуваат од страна на вработените одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
Во случај на ангажирање на даватели на услуги ако КСЗД ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на КСЗД и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на КСЗД.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
а)Право на пристап
Вие имате право да побарате од Комисијата да Ви обезбеди пристап до личните податоци кои се собрани во врска со Вас. Остварувајќи го правото на пристап, можете да добиете податоци за:
- зошто ги обработуваме Вашите лични податоци
- кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас
- од кои извори освен од Вас лично, собираме лични податоци
- дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоцисо трети страни
- колку долго ги чуваме Вашите лични податоци
- Дали со нашето работење постои автоматизиран процес на ослучување, вклучувајќи и профилирање
б)Право на исправка
Вие имате право да побарате исправка на Вашите лични податоци. Ова право можете да го оствaрите во случаите кога:
- сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни
- сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат дополнети заради исполнување на целта заради која се обработуваат
в)Право на бришење („право да се биде заборавен“)
Вие имате право да побарате од Комисијата да ги избрише Вашите лични податоци во случаите кога:
- сметате дека Вашите лични податоци не се повеќе потребни односно, целите за нивната обработка се веќе исполнети
- ја повлекувате согласноста за да ги обработуваме Вашите лични податоци
- имате вложено приговор на обработката на Вашите лични податоци
- сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени
- сметате дека личните податоци треба да бидат избришани со цел почитување на обврска утврдена со закон која се однесува на Комисијата;
- личните податоци биле собрани во врска со понудата на услуги на информатичко општество на дете – малолетен/а сте, претставувате малолетник или сте биле малолетни во моментот кога Вашите лични податоци биле првично собрани
г)Право на oграничување на обработката
Вие имате право да побарате ограничување (блокирање) на обработката на Вашите лични податоци. Ова право може да го остварите кога:
- ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци
- ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска
- сметате дека податоците не му се потребни на Комисијата , но потребни Ви се Вам за остварување на други правни барања
- барате верификација за тоа дека легитимните интереси на Комисијата преовладуваат над Вашите интереси како субјект на личните податоци
д)Право на преносливост
Вие имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да побарате истите бидат пренесени на друг контролор. Ова право е применливо за лични податоци кои:
- се обработуваат врз основа на согласност или договор
- се обработуваат на автоматизиран начин
ѓ)Право на приговор
Вие имате право да поднесете приговор врз основа на конкретна ситуација поврзана со обработката на Вашите лични податоци. Приговорот може да го поднесете за обработка на личните податоци која:
- се заснова на јавен или легитимен интерес, вклучувајќи и профилирање
- се врши за цели на директен маркетинг и профилирање поврзано со директниот маркетинг
- се врши за цели на научни или историски истражувања или за статистички цели
е)Право на исклучување од автоматско донесување на поединечни одлуки и профилирање
Вие имате право да барате да не бидете предмет на одлука заснована единствено на автоматска обработка на податоци, врз основа на профилирање. Ова право можете да го остварите кога:
- автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање предизвикува правни последици врз Вас
- автоматското донесување на поединечни одлуки, вклучувајќи и профилирање има влијание врз Вас како субјект на личните податоци
ж)Право на повлекување согласност за обработка на личните податоци
Согласноста за обработка на Вашите лични податоци, имате право да ја повлечете во секое време. Доколку сакате да остварите некое од Вашите права, може да не контактирате во секое време на следната е-пошта: да се наведе контакт адреса на офицерот.
Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по барањето без одлагање.
Образецот за права на субјектите можете да го најдете на следниот линк.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да ги контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци Мирсад Арифи и Стефан Бошковски, на следниов e-mail: ozlp@kszd.mk
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.