Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) е дел од поширок
конзорциум кој го спроведува проектот VIOLET – Кон работни места без сексуално
вознемирување и насилство.
Проектот VIOLET спроведуван од страна на националните тела за еднаквост (НТЕ),
ЕКВИНЕТ, граѓански организации и универзитет има за цел да придонесе за безбедна
работна средина без сексуално вознемирување (СВ) и насилство на четири нивоа: (1)
организациско – имплементација на програми за превенција засновани на докази,
вклучувајќи механизми за жалби на работните места во избрани сектори, (2)
институционално/структурно – соработка меѓу телата за еднаквост, трудовите
инспекторати, синдикатите и другите засегнати страни за да се постигне зголемена
стапка на пријавување, заштита на жртвите и спречување на распространетоста на
СВ, (3) правно – предлог за посилна правна заштита од СВ врз основа на правни
анализи, студии на случаи и мапирање на постојните јазови и (4) индивидуално –
зголемена свест за достапните правни мерки и чувствителност кон формите на СВ од
страна на пошироката јавност. За да се постигне повеќеслојно влијание, проектот се
состои од четири столба:
Столб 1 – СЕОПФАТЕН УВИД – обезбедува секторски податоци за распространетоста
на СВ, анализи на правните празнини и судската пракса, а наодите од истражувањата
се пренесуваат до професионалците во областа на правото и засегнатите страни во
областа на работата;
Столб 2 – БЕЗБЕДНО РАБОТНО МЕСТО – поаѓајќи од основата на Столб 1, развива и
спроведува програми за превенција базирани на податоци и индивидуализирани
програми за превенција на работните места, вклучувајќи внатрешни кодекси на
однесување, механизми за жалби, обуки и ресурсни материјали;
Столб 3 – СИЛНИ ИНСТИТУЦИИ – врз основа на истражување и искуство од работните
места, продолжува со мапирање на дупките во законската рамка и недостатоците во
практиката на јавните тела, создава платформа за соработка меѓу засегнатите страни
и ја зајакнува институционалната заштита;
Столб 4 – ЈАВНА СВЕСТ – им овозможува на поединците да идентификуваат форми на
СВ, да интервенираат кога ќе бидат сведоци на какво било неправедно однесување и
да користат достапни правни и неправни мерки за заштита доколку станат жртва.