KSZD

За прв пат судот казни дискриминатор по барање поднесено од КСЗД

Постапувајќи по претставка против вработени во МВР – СВР Куманово, за извршена директна дискриминација по основ на политичко уверување во областа работа и работни односи, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење со кое утврди вознемирување.

Во претставката, подносителот има наведено дека во повеќе наврати врз него е вршена дискриминација и вознемирување од страна на службени лица во СВР Куманово, при што му е создавана професионална деградација и континуирана несигурност.

Врз основа на добиената документација, КСЗД констатираше низа непотребни и неосновани обвинувања кон подносителот на претставката од страна на полициски службеници во органите на СВР Куманово, кои предизвикувале вознемирувачко чувство и загриженост кај личноста, за која од надлежните органи е констатирана потполна уредност во однос на сите обвинувања. Комисијата утврди вознемирување и препорача дискриминаторите да се извинат на подносителот во присуство на претпоставен раковдител и да ја известат КСЗД согралсно чл. 27 став 3 од ЗСЗД, во рок од 30 дена.

Поради непостапување по препораката, Комисијата поднесе прекршочна постапка пред надлежниот суд за прекршоци, при што, во судска постапка, Основниот суд во Куманово, ценејќи ги доказите приложени од КСЗД, четворицата дискриминатори ги прогласи за виновни и им изрече прекршочни санкции и тоа:  

  • На првообвинетото правно лице МВР СВР Куманово – глоба во износ од 400 евра.
  • На второобвинетиот, трето обвинетиот и четвртообвинетиот вработени во СВР Куманово– глоба во износ од по 250 евра во денарска противвредност, која се должни да ја платат во рок од 8 дена по правосилност на пресудата, а во спротивно ќе се наплати присилно.

Судот ги задолжи обвинетите да платат и паушал на судот и солидарно да ги надоместат трошоците на оштетениот, во рок од 8 дена.

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2021/12/0801-280-%D0%BE%D0%B4-15.10.21-Se-utvrduva-indirektna-diskriminacija.21.pdfhttps://kszd.mk/wp-content/uploads/2021/12/0801-111-%D0%BE%D0%B4-15.10.21-Se-utvrduva-voznemiurvanje.pdf

Leave a Reply

Skip to content