Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

КСЗД: ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА КАКО УСЛОВ ЗА УПИС ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА НЕ ПРЕТСТАВУВА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ БИЛО КОЈА ОСНОВА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, одлучувајќи по претставка на родител за извршена дискриминација врз основа на вакцинален статус, односно личен статус, одлучи дека задолжителното вакцинирање на децата како услов за упис во основните училишта не претставува дискриминација врз било која основа.

Комисијата донесе општа препорака која вели дека законите, мерките, препораките и други релевантни акти кои што се во насока на спречување, лекување и контрола на ситуација на епидемиски, ендемични и други болести не претставуваат кршење на правото на приватноста на индивидуата, на неговиот личен и семеен живот и на достоинството и угледот. Истите се во насока на гарантирање на заштитата на јавното добро и јавното здравје на сите граѓани, а особено на децата. Конвенција за правата на детето го гарантира „најдобриот интерес на детето“ во поглед на сите преземени активности што се однесуваат на децата, без оглед дали се преземени од јавни институции, судови, управни органи или законодавни тела. Дополнително, во случајот VAVŘIČKA и други против Република Чешка (бр. 47621/13), ЕСЧП го нотира постоењето на општ консензус дека вакцинацијата е една од најуспешните и најисплатливи здравствени интервенции и дека секоја држава треба да има за цел да постигне највисоко можно ниво на вакцинација меѓу нејзината популација.

Во конкретниот случај, родителот поднесе претставка за дискриминација против општинско основно училиште „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Училиштето одбило да го запише нејзиното дете поради отсуство на потврда дека се примени сите задолжителни вакцини за упис во основно училиште. Подносителката цитира медиумски статии во кои од Министерството за образование порачуваат дека „ниту едно дете не смее да остане надвор од образовниот систем“ и дека во Уставот е наведено дека основното образование е задолжително. Дополнително, подносителката како аргумент го цитира Годишниот извештај на Народниот правобранител од 2018 година во кој за друг сличен случај се тврди дека е „крајно дискриминаторско и спротивно на закон постапувањето на училиштето поради што го одбил уписот во прво одделение поради фактот што детето не било вакцинирано од сите задолжителни вакцини“. Таа, исто така, го истакнува фактот дека основното образование е задолжително согласно Законот за основно образование, дека правото на образование е универзално согласно голем број меѓународни документи и договори а исто така се цитира и пресуда на Европскиот суд за човекови права во Стразбур односно случајот Салвети против Италија, (бр. 42197/98), во кој се тврди дека недоброволното вакцинирање е спротивно на членот 8 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи.

Од училиштето одговорија дека Комисијата за запишување на ученици во прво одделение основана при училиштето, во уписниот период за предметниот настан, одбиле да извршат упис на ученикот врз основа на фактот дека недостасувала потврда за примените задолжителни вакцини. За одлуката веднаш бил известен родителот, по што родителот го известил училиштето дека е против вакцинација и дека не би го вакцинирала нејзиното дете. Во оваа насока, се нотира дека согласно член 46 став 2 од Законот за основно образование, дете не може да биде запишано без потврда за примени задолжителни вакцини. Увид во работата извршил и Државниот просветен инспекторат и констатирал дека училиштето не постапило спротивно на законските норми.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретниот случај нема повреда на правото на еднаквост, односно основното училиште Св. Климент Охридски од Скопје не извршил дискриминација врз основа на личен статус врз подносителката во смисла на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Основното училиште постапувало согласно законот, мерките и препораките на надлежните власти кои се во насока на заштита на јавното здравје.

Leave a Reply