Тирана, Албанија | 28–29 октомври 2025 година
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, преку членот Душан Томшиќ, учествуваше на вториот состанок на Управниот одбор на проектот VIOLET – Кон работни места без сексуално вознемирување и насилство, кој се одржа во Тирана, Албанија. Домаќин на настанот беше Комесарот за заштита од дискриминација на Албанија.

Во текот на двата дена, партнерите на проектот — претставници на националните тела за еднаквост (NEBs), EQUINET, граѓански организации и академски институции — го разгледаа досегашниот напредок и ги дефинираа следните активности во рамките на сите работни пакети.
Состанокот беше посветен на:
- Планирање на идни активности за создавање побезбедни и поинклузивни работни места
- Зајакнување на комуникацијата и видливоста на проектот
- Координирање на претстојната национална кампања за подигање на јавната свест
Проектот VIOLET е кофинансиран од програмата CERV-DAPHNE (Граѓани, еднаквост, права и вредности) и се спроведува од осум партнерски институции од: Албанија, Словенија, Португалија, Литванија, Северна Македонија и Чешка.

Мисијата на проектот е да промовира безбедни, почитувани и без вознемирување работни места, преку координирани активности на организациско, институционално, правно и индивидуално ниво.