KSZD

“Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор“ и промоција на брошура „Правата на лицата со оштетен вид“ – Народна банка на РСМ

Претседателот на КСЗД Лимко Бејзароски, во Народната Банка на РС Македонија, се обрати на претставување на „Насоките за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор“ и промоција на брошура „Правата на лицата со оштетен вид“.

Тој истакна дека овие насоки, кои ги дава Народната банка, ќе им помогнат на лицата со попреченост подеднакво вклучување во банкарскиот сектор и се конкретен чекор кон создавање на инклузивна економија, каде што сите ќе имаат еднакви можности да го унапредат својот финансиски капацитет и независност.

Насоките предвидуваат регулаторна рамка што подразбира, воспоставување регулативи кои наложуваат стандарди за пристапност до банкарските услуги на лицата со попреченост, образование за правата на потрошувачите, механизми за поплаки, обука за вработените во финансиските институции и соработка со организации за застапување на лицата со пореченост.

Брошурата за правата на лицата со оштетен вид е изработена на Брајова азбука и содржи практични совети за управување со личните финансии, користење банкарски услуги и заштита од финансиски измами, прилагодени на јасен и разбирлив јазик.

„Овој проект на Народна банка е показател дека со соработка меѓу институциите, организациите и заедницата, можеме да го промениме општеството на подобро. Затоа повикувам, сите чинители – од банкарскиот сектор, преку образовните институции, до приватниот сектор – да ги следат ваквите примери. Инклузијата не е само прашање на обврска, туку и можност да изградиме општество кое е праведно за сите. Овој проект е резултат на трудот на многу посветени луѓе кои веруваат во визијата за инклузивност и правичност и е потсетник дека секој чекор кон рамноправноста носи позитивни промени за сите нас“- истакна Бејзароски.

Овие насоки претставуваат можност, банкарските институции да покажат дека се лидери во иновации, општествено одговорни и инклузивни. Преку ваквите чекори, се создава поинклузивно општество каде што секој поединец ќе има еднаков пристап до финансиски услуги.

Leave a Reply

Skip to content