KSZD

Панел-дискусија за најновиот извештај на Стејт департментот

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација Кире Василев говореше на панел-дискусијата организирана од амбасадорката на САД во РС Македонија Кејт Мери Брнс, а по повод најновиот извештај на Стејт Департментот за човековите права во нашата земја. Образложувајќи ја позитивната оценка на Стејт Департментот за работата на КСЗД за 2021година, Василев ја сподели визијата на Комисијата за унапредување на борабата за човековите права и проблемите со кои се соочуваат маргинализираните групи.

Тој истакна дека новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација донесе нови и проширени надлежности во однос на работата и надлежностите кои беа предвидени во претходниот Закон – зајакнати се надлежностите во делот на заштитата, а новините се однесуваат на информирање, едукација и подигање на свеста како начин за спречување на дискриминацијата.

Претседателот на Комисијата Кире Василев во своето излагање рече: „Нашата визија е Комисијата да прерасне во двигател на позитивни промени за суштествена еднаквост, промоција на човековите права и елиминирање на сите видови дискриминација во општеството – тело кое ужива голема доверба кај граѓаните. Од визијата непосредно произлезе и нашата мисија, а таа е, Комисијата да биде независно, професионално, ефективно и ефикасно, проактивно, транспарентно и достапно тело кое одговара на потребите на граѓаните за заштита и промоција на нивните права“.

На панел-дискусијата, која се одржа во Скопје, учествуваа и претставници од Народниот правобранител и од повеќе граѓански организации.

Leave a Reply

Skip to content