Во рамки на Еразмус+ проектот со наслов „Мултиплицирана интелигенција за социјална инклузија“, во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, претседателот на комисијата г. Лимко Бејзароски и двајцата членови г. Душан Томшиќ и г. Зекир Абдулов остварија средба со носителите на проектот НПО Стандарден консултантски центар – СЦЦ од Бугарија, Центарот за иновации и промоција на развојот – ЦПИР од Полска и Центарот за напредно истражување – ЦАР од Македонија.
На состанокот се дискутираа голем број прашања со фокус на младите од 18 – 29 години, кои се во групата на НЕЕТ (ниту во образование, ниту во обука), нивната социо-економска интеграција, резултатите од програмата „Гаранција за млади“, прашања поврзани со инклузивно образование, соодветно домување, пристап до добра и услуги, превенција од дискриминација и други прашања поврзани со конкретната група на млади лица.

На состанокот беше договорена понатамошна соработка на КСЗД со наведените здруженија, учество на тркалезни маси и обуки, на кои ќе се споделуваат искуствата од трите држави, во насока на подобрување на системските прашања за оваа целна група.