KSZD

Соопштение

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по поднесена претставка за дискриминација од Здружение на граѓани, против Културниот центар „Иван Михајлов“, на 4.8.2022 година, изврши најавен увид во просториите на Центарот во Битола.

При увидот, спротивно на досегашните практики, констатирано е дека освен претставниците на Здружението, присуствуваше и генералниот конзул на Република Бугарија, г-нот Димитар Иванов. Неговото присуство за време на извршувањето на своите законски надлежности, Комисијата го доживува како обид за влијание врз работата на ова независно тело за еднаквост, но и можност за инструментализација на Комисијата во политички цели, за што го извести и МНР.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација е формирана и работи согласно законот за спречување и заштита од дискриминација (Сл.весник на РСМ бр.258/20). Според одредбите содржани во Законот, Комисијата е самостоен и независен орган избран од Собранието на Република Северна Македонија и за својата работа одговара единствено пред оваа институција.

Leave a Reply

Skip to content