KSZD

Душан Томшиќ – нов претседател на КСЗД

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја известува јавноста, дека согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација (член 16, став 4), по принципот на ротирање на претседателското место, на 29-тата седница на Комисијата, одржана на 7.11.2025 година, за нов претседател на КСЗД, членовите го избраа Душан Томшиќ.

Новиот претседател, функцијата ја презеде од досегашниот, Лимко Бејзароски, во  колегијална и конструктивна атмосфера, во дух на заемна почит, соработка и континуитет во работата на Комисијата.

За заменик претседател на Комисијата назначен е членот Зекир Абдулов.

КСЗД му изразува благодарност на г. Бејзароски за неговата посветеност и професионален придонес во изминатиот период, како и за ангажманот во унапредување на независноста и видливоста на институцијата.

Во ист дух на партнерство и заедничка визија, Комисијата продолжува со својата мисија – унапредување на еднаквоста и заштита на достоинството на сите граѓани.

Leave a Reply

Skip to content