KSZD

„Засилување на лидерството на лицата со попреченост за инклузивна и одржлива иднина“-3 Декември – Светски ден на лицата со хендикеп

Светскиот ден на лицата со хендикеп, кој секоја година се одбележува на 3 декември, претставува можност да се истакне важноста на правата, достоинството и инклузијата на лицата со хендикеп во сите аспекти на општеството. Овој ден е посветен на зголемување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со хендикеп и на поттикнување на конкретни активности за создавање поинклузивно и рамноправно општество.

Лицата со хендикеп се соочуваат со бројни бариери – физички, социјални и економски. Превенцијата на дискриминација и унапредувањето на еднаквоста е обврска на секој од нас. Во согласност со принципите на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп, неопходно е да обезбедиме рамноправен пристап до образование, вработување, здравствени услуги, како и активно учество во јавниот и општествениот живот.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) активно работи на промоција на правата на лицата со хендикеп и превенција од дискриминација. Преку заеднички напори, се стремиме да создадеме општество каде секој граѓанин, без разлика на неговата способност, може да ги искористи своите потенцијали и да биде дел од заедницата.

На овој ден, апелираме до сите граѓани, институции и организации да се придружат во борбата за еднакви можности и да ги поддржат иницијативите за инклузија

Клучни цели и повик за акција

 • Промовирање на лидерството на лицата со попреченост во сите области од животот.

 • Обезбедување на вклученост на лицата со попреченост во сите аспекти на општеството.

 • Зголемување на учеството на лицата со попреченост во процесите на донесување одлуки.

 • Подигнување на свеста за правата на лицата со попреченост.

 • Прославување на достигнувањата на лицата со попреченост.

Заедно, можеме да создадеме свет каде што сите ќе се чувствуваат ценети, почитувани и прифатени.

Еднаквоста е право, а не привилегија!

Leave a Reply

Skip to content