КСЗД организираше годишен настан „Разговори за еднаквост“, во првото издание со фокус на инклузивното образование.
Очекувањето е овој настан да прерасне во традиционален годишен и предводнички настан преку кој ќе биде препознаена и преку кој КСЗД ќе отвара форум за национален дијалог за клучни предизвици во врска со еднаквоста и недискриминацијата. Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ ќе ги поддржи овие настани за време на целото траење, односно од 2024 до 2026 година.
Главна цел на овие настани е да служат како отворен форум за широк дијалог за клучни системски предизвици во врска со еднаквоста и недискриминацијата.
Во продолжение, на линковите, ќе го најдете целиот извештај од настанот „Разговори за еднаквост“ – Инклузивно образование на македонски и на англиски јазик.
https://kszd.mk/wp-content/uploads/2024/08/Извештај-Разговори-за-еднаквост-МК.pdf
https://kszd.mk/wp-content/uploads/2024/08/Report-Equality-Talks-EN.pdf