KSZD

Измени на законот за престојувалиште и живеалиште и на законот за лична карта

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги поздравува измените на Законот за пријавување на престојувалиште и живеалиште и на Законот за лична карта. Со овие законски решенија им се овозможи на лицата кои не поседуваат имот или немаат можност да обезбедат докази за сопственоста на имотот или договор за закуп и поради тоа остануваа без пријавена адреса за живеење, а со тоа и без лична карта, да си го решат ова прашање.

Претходно, постапувајќи по поднесена претставка против Министерството за внатрешни работи, за сторена дискриминација врз основа на имотен статус и етничка припадност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе МИСЛЕЊЕ, со кое се утврдува индиректна дискриминација врз основa на имотна состојба и социјално потекло во областа на правосудство и управа сторено од страна на МВР како предлагач и спроведувач на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето и донесе ПРЕПОРАКА, Министерството за внатрешни работи во најкраток рок, а не подоцна од три месеци да преложи законски измени и дополнувања на Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште на граѓаните, кои ќе овозможат пријавување на живеалиште/престојувалиште на лицата кои не поседуваат имот, ниту имаат имот под закуп.

Оттука, Комисијата утврдува дека Министерството за внатрешни работи ја исполнило препораката и со тоа правиме чекор напред кон поеднакво општество за сите граѓани.

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2023/08/08-401-%D0%BE%D0%B4-29.08.23-%D1%83%D1%82%D0%B2%D1%80%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf

Leave a Reply

Skip to content