KSZD

„Квалитетно образование за сите“ – КСЗД во советодавниот одбор

Во рамки на проектот „Квалитетно образование за сите“, денеска беше формиран Советодавен одбор составен од претставници од Министерството за образование, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инпекторат, Државниот испитен центар, Институтот за педагогија, Центарот за стручно образование и обука, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Советот на Европа.

Овој проект има за цел да ги промовира демократијата и човековите права во образованието со користење на сеопфатен сет на иницијативи на политичко и локално ниво, со цел да ги подготви младите со потребните вештини за живот во мултикултурно општество.

Проектот кој ќе трае три години е имплементиран од Советот на Европа во соработка со Министерството за образование и наука, а финансиран е од Германија.

Leave a Reply

Skip to content