KSZD

Комисијата побара вклучување како пријател на судот во тужба за сегрегација на Роми во образовниот процес

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација испрати барање за вклучување во судска постапка како пријател на судот (amicus curiae) во тужба од јавен интерес за заштита од дискриминација.

Тужбата е поднесена од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, против Владата на Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Државниот просветен инспекторат, Општина Битола и Општина Штип. Тужбата е поднесена со барање да се утврди дека тужените сториле сегрегација, како посебен облик на дискриминација врз деца Роми во образовниот процес.

Со оглед дека тужбата е од јавен интерес и со неа се адресира потенцијален системски проблем кој опфаќа поголема категорија на луѓе, а имајќи ја предвид законската надлежност на Комисијата, на барање на странката или по сопствена иницијатива да може да поднесе барање судот да ѝ овозможи да дејствува како пријател на судот, КСЗД се одлучи да го искористи тоа право.

Во поднесокот до судот, КСЗД дава преглед и толкување на одредбите на повеќе потпишани и ратификувани меѓународни договори, како и на препораките на телата кои го следат спроведување на именуваните меѓународни договори, кои се однесуваат на превенција и заштита од дискриминација во образованието и отстранувањето на сегрегацијата како посебен облик на дискриминација.

Барање за вклучување во судска постапка како пријател на судот

Leave a Reply

Skip to content