Претседателот на КСЗД Исмаил Камбери учествуваше на Годишната конференција на ОБСЕ за борба против антисемитизмот, која се одржа во Скопје.
Оваа година, Организацијата и земјите учеснички на ОБСЕ одбележуваат 20 години од Документот од Мастрихт на ОБСЕ, година кога и Република Северна Македонија исто така одбележува важни датуми во контекст на Холокустот.
На покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ, по две години, на Конференцијата со лично присуство учествуваа голем број претставници од земјите учеснички на ОБСЕ.