KSZD

КСЗД апелира до Собранието да организира јавни расправи за законите во областа на образованието!

Во тек е законодавната постапка за донесување на повеќе закони во областа на образованието како Предлог закон за средно образование, Закон за измени и дополнување на Законот за основно образование, Предлог закон за учебници и други.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има голем интерес во изменувањето и дополнувањето на овие закони бидејќи областа на образование ја гледаме како клучна област во која треба да се промовира еднаквоста за учениците од најмала возраст, да бидат заштитени од дискриминација и пристрасно насилство и да ги присвојат овие демократски интереси согласно нашиот уставен поредок. Основната причина поради која се менува Законот за основно образование е прашање на еднаквост и недискриминација, односно спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права Елмазова и други против Северна Македонија. Како Комисија за спречување и заштита од дискриминација имаме директна законска надлежност да даваме коментари и мислења по закони од аспект на еднаквост и недискриминација и да учествуваме во нивното донесување.

Имајќи предвид дека во демократско општество законски решенија се носат преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители,  апелираме овие закони да се донесат на транспарентен начин, со реални рокови за поднесување предлози и коментари и со организирање на јавни расправи  со цел  подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и  градење на поквалитетен и поинклузивен образовен систем за сите.

16.12.2024, Скопје

Leave a Reply

Skip to content