KSZD

КСЗД ГО ПОДНЕСЕ ПРВИОТ ПОДНЕСОК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО СУДСКА ПОСТАПКА КАКО ПРИЈАТЕЛ НА СУДОТ (AMICUS CURIAE)

Комисијата за прв пат ја искористи својата законската надлежност за поднесување барање до Основниот граѓански суд во Скопје, за овозможување да дејствува во судска постапка за заштита од дискриминација како пријател на судот (amicus curiae).

Станува збор за судска постапка за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis), поведена од страна на Хелсиншки комитет за човекови права – Helsinki Committee for Human Rights, а истата се однесува на дискриминација врз лицата со попреченост во пристапноста до и во избирачките места.

Комисијата, како професионално тело за еднаквост, во барањето за вклучување како пријател на судот даде толкување на членовите од Меѓународната конвенција за правата на лицата со попреченост на Организацијата на Обединетите нации кои се однесуваат на соодветното приспособување, општа пристапност, еднаквост и недискриминација vis a vis пристапот до гласачките места и овозможување лицата со попреченост да го остварат правото на глас, како дел од учеството во политичкиот и јавниот живот на лицата со попреченост. Дополнително, Комисијата во овој поднесок изврши и краток преглед на судската пракса на Европскиот суд за човекови права во предмети во кои судот утврдил дискриминација врз основ на попреченост, заради необезбедно соодветно приспособување.

Amicus curiae или пријател на судот е професионално лице, организација или тело кое не е странка во судска постапка, но со својата експертиза, искуство и информации во одредена област може да го советува судот за одредена правна материја, која е предмет во судска постапка.

▶️ Доколку сакате повеќе информации за тоа како телата за еднаквост може да се јават како пријатели на судот, прочитајте ја оваа публикација на Молдавскиот Совет за еднаквост и Советот на Европа https://rm.coe.int/0900001680932030

Leave a Reply

Skip to content