KSZD

КСЗД и Кабинетот на претседателката Силјановска – Давкова, потпишаа Меморандум за соработка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со цел, преземање координирани активности во насока на промоција на принципот на еднаквост и заштита од дискриминација и обезбедување на целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи за сите граѓани на државата.

Согласно Меморандумот, двете институции за согласија заеднички да соработуваат во однос на промотивни активности и кампањи за спречување и заштита од дискриминација, обезбедување обуки и тренинзи од Комисијата за вработените во Кабинетот на претседателот за сензибилизирање и градење капацитети за недискриминација и еднаквост, покровителство на претседателот при организирање јавни дебати и тркалезни маси за носење или измени на закони и политики во насока на унапредување на еднаквоста, но и користење на Народните канцеларии на претседателот за организирање активности и настани на комисијата.

Меморандумот беше потпишан од страна на претседателот на КСЗД Игор Јадровски и генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија,, Ѓорги Божинов.

Со овој Меморандум се потврдува интересот за јакнење на меѓусебната соработка во поддршка на активностите за спречување и заштита од дисриминација на сите граѓани во РС Македонија.

https://kszd.mk/wp-content/uploads/2024/08/Меморандум-за-соработка-со-кабинет-на-Претседателот-на-РСМ.pdf

Leave a Reply

Skip to content