KSZD

КСЗД и УНХЦР го зајакнуваат стратешкото партнерство со Меморандум за соработка

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при ООН (УНХЦР) потпишаа Меморандум за соработка со кој ќе го зајакнуваат нивното стратешко партнерство.

Двете организации ќе продолжат да ги поддржуваат правата на лицата под мандат на УНХЦР во земјата, преку партнерство во заштитата, комуникацијата, доближувањето до заедницата, како и во трансформирањето на наративот за барателите на азил, бегалците, лицата под супсидијарна заштита и лицата под ризик од бездржавјанство.

КСЗД се обврзува да реагира во случаи на дискриминација извршена врз овие лица и ќе се фокусира на унапредување на еднаквиот третман на сите поединци.

КСЗД и УНХЦР ќе работат на зголемување на свеста за состојбата на заштита на потенцијалните случаи на дискриминација врз лицата под мандат на УНХЦР во земјава.

Меморандумот го потпишаа претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Кире Василев и претставничката на Канцеларијата на УНХЦР во Северна Македонија, Моника Сандри.

Leave a Reply

Skip to content