Комисијата за спречување и заштита од дискриминација потпиша меморандум за соработка со Македонското здружение на млади правници – МЗМП Скопје. Меморандумот има за цел остварување на меѓусебна поддршка при давање на мислења за релевантни закони и усогласување на националното законодавство, изработка на анализи и поттикнување на дебата преку конференции, советувања и слично, организација на заеднички обуки и поддршка и соработка во
судските постапки кога Комисијата се јавува како замешувач или пријател на судот.
Дополнително, беше договорена е практикантска програма врз основа на која по предлог на МЗМП, Комисијата вклучи двајца практиканти-правници во секојдневната работа. Практикантите имаат можност да научат повеќе за предметното работење на Комисијата но и да се вклучат со истражување и придонес кон одредени предмети на Комисијата. Времетраењето на практикантската програма е три месеци.