Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се вклучи и во кампањата 16 дена активизам организирана од Амбасадата на Обединетото Кралство.
Во оваа кампања, членот на Комисијата Кире Василев потенцира дека при дискриминација во работните односи родовата компонента е прилично застапена. Голем број на девојки и жени се соочуваат со дирекна дискриминација посебно во време на бременост. Вознемирувањето на работно место е исто така еден тип на насилство со кој се соочуваат жените и девојките.
Ваквото вознемирување најчесто се случува кај жените работнички кои немаат договор за вработување и се дел од неформалната економија.