Koмисијата за спречување и заштита од дискриминација испрати свој придонес кон консултациите на Европската комисија за изготвување на стандарди за телата за еднаквост.
Во документот КСЗД пишуваше за важноста за имање силни и ефикасни тела за еднаквост во борбата против дискриминацијата и промоција на принципот на еднаквост, гарантирање на независноста на телата за еднаквост, пристапност на услугите на телата за еднаквост за сите граѓани и влијанието на обврзувачките минимални стандарди за зајакнување на телата за еднаквост и обезбедување на нивна независност и ефикасност.
Целосниот документ можете да го најдете на линкот подолу. Придонесот беше изготвен со поддршка на Компонента 4 – Основни човекови права и алтернативни мерки, во рамки на проектот “Поддршка на ЕУ за владеење на правото”.