По повод одбележувањето на 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржа работилница за унапредување на соработката помеѓу Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и работните тела на Собранието на Република Северна Македонија.

Настанот беше насочен кон зајакнување на институционалната координација и продлабочување на меѓусебната поддршка во креирањето и имплементацијата на политики кои обезбедуваат почитување, унапредување и заштита на човековите права.

На работилницата се дискутираше за можностите за подобрување на комуникациските механизми, усогласување на стратешките приоритети и зајакнување на заедничките напори во превенција и справување со дискриминацијата во сите општествени сфери. Настанот претставува значаен чекор кон градење поинклузивни и поотпорни институции кои доследно ги штитат и афирмираат човековите права.
