KSZD

„Наши тела, наши животи, наши права“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се приклучува кон одбележувањето на  17 мај, Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија, кој оваа година  е под мотото „Наши тела, наши животи, наши права“ .

Денот претставува главен глобален годишен белег за привлекување на вниманието на носителите на одлуки, медиумите, јавноста, корпорациите, лидерите на јавното мислење, локалните власти, кон алармантната ситуација со која се соочуваат луѓето со различни сексуални ориентации, родови идентитети или изрази и полови карактеристики.

КСЗД констатира дека во нашата држава се` уште во голема мера постои дискриминација и насилство што ја доживуваат ЛГБТИ+ лицата  и нивните поддржувачи. Дискриминација кон оваа група на граѓани, во 2021 година, по поднесени претставки, Комисјата утврди кај вкупно 23 случаи.

Афирмирајќи ја потребата од поголема поддршка за ЛГБТ зедницата, КСЗД апелира до надлежните институции, континуирано да преземаат активни мерки за спречување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација, родов идентитет, пол и род и се заложува за имплементирање на законите и другите акти кои го уредуваат прашањето на оваа маргинализирана група.

 Ги охрабруваме граѓаните кои се чувствуваат дискриминирани по било која основа, тоа да го пријават во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

17 мај денес се слави во повеќе од 130 земји, вклучително и во 37 земји каде истополовите дела се незаконски.

Нашите тела се нашите животи, сите имаат право да живеат слободно и достоинствено!

Leave a Reply

Skip to content