KSZD

Никој не е оставен: еднаквост, слобода и правда за сите!

17 мај –  Меѓународен ден за борба против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата!

IDAHOBIT, кој се слави секоја година на 17 мај, е глобална иницијатива која има за цел да ја подигне свеста за дискриминацијата, насилството и предизвиците со кои се соочува ЛГБТКИ+ заедницата. Овој ден ја одбележува годишнината од одлуката на Светската здравствена организација (СЗО), да ја декласифицира хомосексуалноста како ментално нарушување и од  својот почеток во 2004 година, Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата служи како витална платформа за подигање на свеста за дискриминацијата и насилството со кои се соочуваат ЛГБТКИ+ поединците ширум светот.

Среде напредок и притисок, овогодинешната тема на ИДАХОБИТ е повик за солидарност и обединување во создавањето на свет со социјална правда, каде што никој не е оставен сам. Еднаквоста, слободата и правдата ја формираат основата на едно демократско општество каде што секој е ценет, почитуван и славен и каде што максимата дека „сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права“, претставува целосно исполнето ветување за сите – вклучително и за луѓе со различни сексуални ориентации, родови идентитети и изрази и полови карактеристики.

Како и секогаш, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се придружува на повикот за единство и солидарност во време на глобална антидемократска и анти-права турканица, кога многу ЛГБТКИ+ поединци продолжуваат да се соочуваат со насилство, стигма и дискриминација.

Нашата заложба е да помогнеме во создавањето единство, каде преку солидарност еден за друг ќе создадеме свет без предрасуди, неправда и дискриминација.

Leave a Reply

Skip to content