KSZD

ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕН НА КОМИСИЈАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

Врз основа на членот 68 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија и членовите 16, 17 и членот 18 ставови (1) и (2) од Законот за спречување и заштита од дискриминација, Собранието на Република Северна Македонија објавува јавен оглас за избор на еден член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со мандат од пет години.

За член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

1) да е државјанин на Република Северна Македонија;

 2) да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование и има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација;

3) во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење професија, дејност или должност и

4) да не е носител на функција во политичка партија.

Пријавата за учество на овој оглас, личната биографија и потребните документи за докажување на исполнувањето на условите, во оригинал или заверена копија на нотар, се поднесуваат до Собранието на Република Северна Македонија.

Огласот трае 30 дена од денот на неговото објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Линк до Одлуката Собрание на Република Северна Македонија – Јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација 2025https://www.sobranie.mk/javen-oglas-za-izbor-na-clen-na-komisijata-za-sprecuvanje-i-zashtita-od-diskriminacija-2025.nspx

Leave a Reply

Skip to content