Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

„Отворени средби“ на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во Гевгелија

Граѓаните, членовите на граѓанските организации и претставниците на институциите во Гевгелија и нејзината околина, утре (13 јули 2023)  ќе имаат можност за дискусија и подетално запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Оваа средба се одржува во рамки на активноста „Отворени средби“ која ја спроведува КСЗД во насока на подигнување на јавната свест за препознавање на формите на дискриминација, како и за запознавање со надлежностите и начинот на постапување на Комисијата.

Преку ваквите отворени средби, членовите на Комисијата остваруваат директна комуникација со граѓаните и претставниците на институциите на локално ниво, како што се судовите, подрачните единици на министерствата, службениците кои се дел од локалната самоуправа, како и претставниците на граѓанскиот сектор.

„За нас како Комисија ваквите средби претставуваат можност за отворена дискусија со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите околу формите на дискриминација, нејзиното препознавање, како и за најважното – начинот на постапување во насока на спречување и заштита од дискриминација. Исто така, преку овие дискусии се отвора и можност за поефикасна соработка помеѓу Комисијата, граѓанските организации кои делуваат на локално ниво и институциите, во остварување на заедничката цел – промоција на еднаквоста, унапредување на човековите права и спречување и заштита од секаков вид дискриминација. Истовремено, ваквата комуникација и соработка е од исклучително значење, бидејќи придонесува кон подигнување на јавната свест за формите на дискриминација и начинот на нејзино искоренување“, посочуваат од Комисијата.

„Отворени средби“ започнаа минатиот месец во Крива Паланка, каде членот на Комисијата Ирфан Деари имаше можност за директна комуникација со претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво во оваа општина, а продолжи со средба во Гостивар на која учествуваше членот на Комисијата Игор Јадровски. До крајот на оваа година предвидени се и отворени средби во дополнителни шест градови низ земјата. Ваквите средби се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Покрај заштитната улога и постапувањето по претставки од граѓаните, како и по службена должност, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има и превентивна улога која ја спроведува преку едукација и соработка со граѓански организации, државни институции и институции на локално ниво. „Отворените средби“ се дел од ваквите активности кои КСЗД ги презема заради ефикасна комуникација со граѓаните и за претставување на Комисијата и на нејзините надлежности во јавноста.

Leave a Reply