KSZD

Партиципативен форум: „СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ“.

Претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска се обрати на Партиципативниот форум под наслов „СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ОСНОВА НА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ“.

Во своето обраќање Камбери истакна:„Дискриминацијата на кој било поединец или група врз основа на нивното етничко потекло, боја на кожа, јазик или која било друга карактеристика не само што е неправедна, туку претставува и кршење на основните човековите права. Како општество, ние мора да ја препознаеме важноста на различноста и инклузивноста. Мора да ги славиме нашите разлики и да го прифатиме богатството што доаѓа од различни култури, потекла и традиции. Дискриминацијата не само што ја повредува целната индивидуа или група, туку ја ослабува и самата структура на нашето општество“.

Тој додаде дека улогата на Комисија за спречување и заштита од дискриминација е да работи на искоренување на дискриминацијата врз етничките заедници во сите нејзини форми, а мисијата е да промовира свесност и разбирање за штетните ефекти од дискриминацијата и да имплементира политики и стратегии кои ќе помогнат да се елиминира дискриминацијата во сите форми.

На конференцијата која се одржа во Скопје свои излагања имаа и Еран Куртиш – директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Насер Зибери – Народен Правобранител, Арбана Пашоли – Пратеник и претседателка на Комитетот за односи меѓу заедници и Катарина Живковиќ – национална програмска офицерка од Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Leave a Reply

Skip to content