Во рамки на проектот ID: CITIZEN, oд 01 до 05 септември во Варшава, Полска се оддржува една од предвидените две студиски посети кои што имаат за цел намалување на културното, општественото и архитектонското исклучување на 20% од населението – лица со попреченост, од четирите земји на партнерските организации – Македонија, Полска, Словачка и Унгарија, со што ќе се обезбеди поквалитетен живот и општествено вклучување на овие лица.
На студиската посета во Полска како претставник на Комисијата, учествува членот на КСЗД, Душан Томшиќ, со што се потврдува континуираната заложба на Комисијата за поголема вклученост и учество во општественото живеење на лицата со попреченост.


