Претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, заедно со претставници од Комисијата, одржаа средба со амбасадорот на Република Турција во РС Македонија, Н.Е. Фатих Улусој.

На средбата се дискутираше за прашања од надлежност на Комисијата и се разменија мислења за можности за унапредување на статусот на Турците во Македонија.
Оваа средба претставува уште еден важен чекор во насока на промоција на еднаквоста и меѓусебната соработка.