KSZD

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и Советот за етика во медиумите

КСЗД и Советот за етика во медиумите потпишаа меморандум за соработка, со кој се обврзуваат заеднички да дејствуваат и соработуваат во интерес на промоција на еднаквоста и борбата против сите форми на дискриминација.

Целта е преку взаемна соработка да се подигне свеста на граѓаните за штетните последици од дискриминацијата и вознемирувачкиот говор во јавната сфера, но и промовирање на независно, професионално и етичко известување во медиумите, ослободено од дискриминаторски говор и предрасуди, вознемирувачки говор, како и говор кој провоцира или поттикнува дискриминација.

Заеднички ќе се иницираат и поттикнуваат едукативни активности, со цел да се подигне знаењето и разбирањето на новинарите и медиумските работници за препознавање на дискриминација и нејзините последици, како и начините на нејзино спречување, но и ќе развиваат облици на поддршка и заштита на новинарите и медиумските претставници кон кои е насочен вознемирувачки говор и дискриминација.

Leave a Reply

Skip to content