KSZD

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу КСЗД и „Ромалитико“

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“, потпишаа Меморандум за соработка. Целта на потпишувањето на овој документ е промовирање, развој и континуирана соработка во однос на еднаквоста, промоција на човековите права и елиминирање на сите видови дискриминација согласно заедничките интереси и цели на двата субјекта.

Според договорот, КСЗД ќе обезбеди свои претставници на информативните средби организирани во канцелариите на „Ромалитико“ ширум земјата, каде што граѓаните од ромската етничка заедница непосредно ќе ги запознае со својата работа и ќе ги информира како да пријават дискриминација. Дополнително, Комисијата и „Ромалитико“ ќе разменуваат периодични информации во поглед на предметите поврзани со дискриминација насочена кон ромската етничка заедница.

Leave a Reply

Skip to content