Драгана Дрндаревска, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, на презентацијата на извештајот „Искуства, знаења и потреби на сексуалните работници во РСМ при остварување на човековите права од социјалната и здравствената заштита“, ја дискутираше важноста од меѓуинституционална соработка за обезбедување на услуги без дискриминација. Настанот беше одржан во рамки на проектот „Национална имплементација на Глобалната рамка за социјална заштита и сексуално и репродуктивно здравје и права за 2024 година,“ поддржан од регионалната мрежа SWAN.
Учесниците дискутираа за тоа како може да се унапреди пристапот до здравствените и социјалните услуги на оваа маргинализирана група луѓе, преку подобрување на институционалните политики и практики.
Со овој настан се потврди дека решавањето на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат сексуалните работници бара интегриран пристап, кој вклучува институции, граѓански организации и самата заедница на сексуалните работници. Извештајот и неговите препораки претставуваат важна основа за развој на инклузивни политики и услуги кои ги адресираат потребите на оваа маргинализирана група.