KSZD

Со поинтензивна меѓусебна соработка и размена на позитивни искуства до поефикасна борба за сузбивање на сите облици на дискриминација

Скопје, 7. септември 2022 година – Државните тела за еднаквост во земјите од регионот се соочуваат со различни предизвици кои можат да имаат значително влијание врз начинот и ефикасноста во нивното делување. Неопходна е уште поинтензивна меѓусебна соработка, како и поголема размена на искуства и конкретни примери на постапување во одредени случаи, што ќе им помогне на телата со помалку развиена практика да ја зголемат својата ефикасност во остварување на своите законски надлежности. Посебно на оние кои се однесуваат на постапувањето по претставки од граѓаните и правните лица, во давањето мислења, препораки и совети за покренување судска или друг вид правна постапка пред домашните и меѓународните инстанции, како и во извршувањето на нивната превентивна и едукативна функција во спречување и заштитата од сите видови дискриминација во општеството.

Ова се некои од главните заклучоци и препораки кои произлегоа од дискусиите меѓу претставниците на државните тела за еднаквост и националните институции за човекови права на Република Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, коишто се водеа во изминатите три дена, во рамки на „Шестата регионална конференција на телата за еднаквост во југоисточна Европа“, што се одржа во Скопје.

Организатори на конференцијата беа Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Покрај разгледувањето за начините како да се интензивира меѓусебната соработка помеѓу телата за еднаквост во регионот, фокусот на расправата на конференцијата беше ставен и на теми поврзани со улогата на овие тела во судските постапки за заштита од дискриминација кое се водат пред домашните и меѓународните судови, како и конкретно за преминувањето на товарот на докажување во судски постапки и постапките пред телата за еднаквост. 

Leave a Reply

Skip to content