KSZD

Средба, Бејзароски (КСЗД)- Чевик (ТИКА)

Претседателот на КСЗД, Лимко Бејзароски, оствари средба со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, Махмуд Чевик и со сопственикот на „Јени Балкан“, Муретза Сулооџа.

Чевик му честиташе на Бејзароски за изборот на оваа многу важна функција и рече дека нивниот придонесот на КСЗД за мирот и соживотот во државата е многу важен. Чевик рече дека ТИКА е подготвена за поддршка на чекорите што Комисијата ги презема за заштита на правата на сите во земјава.

„Република Северна Македонија е пример, како различни етнички заедници живеат заедно. ТИКА секако има интерес да даде свој допринос за продолжување на атмосферата на соживот и подготвени се да чекорат заедно со КСЗД во областите на кои работи комисијата“–истакна Чевик. „ТИКА ја дава својата безрезервна поддршка на работењето на КСЗД и во иднина ќе биде партнер и поддржувач на активностите на Комисијата“ – додаде тој.

Претседателот на КСЗД Бејзароски, уште еднаш потенцираше дека силата на КСЗД е во нејзината непристрасност и еднакво постапување кон сите луѓе, без разлика на вера, нација, етничка припадност. „Прва и последна цел на Комисијата е, сите граѓани да се чуствуваат еднакво. Сите членови работат напорно за да се решат проблемите на граѓаните„“– Истакна Бејзароски.

ТИКА во Северна Македонија е активна дваесетина години и досега има реализирано десетици инвестиции во повеќе општини во државата со граѓани од различна етничка припадност.

Leave a Reply

Skip to content