Членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, во просториите на КСЗД, оставрија средба со амбасадорот на Европската Унија во РС Македонија Н.Е. Дејвид Гир.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Комисијата во градењето капацитети за промоција, превенција и заштита од секаков вид на дискриминација.
Членовите на Комисијата го информираа амбасадорот за исходот од одредени предмети и начинот на кој се следи спроведувањето и исполнувањето на препораките донесени од КСЗД.

На средбата, амбасадорот Гир ја истакна постојаната поддршка која ЕУ делегацијата ја дава на Комисијата, а воедно се разгледуваа начините и механизмите за идна структурна соработка помеѓу ЕУ и КСЗД.