Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ – Скопје организираа консултативен состанок со наслов „ХИВ како основа за дискриминација во Северна Македонија – искуства и предизвици“, на кој беше разгледуван институционалниот одговор кон пријавените повреди на човековите права и слободи на луѓето што живеат со ХИВ во Северна Македонија, во споредба со праксата на Европскиот суд за човекови права.
На состанокот говореше претседателот на КСЗД Игор Јадровски кој се осврна токму на праксата на Европскиот суд за човекови права во однос на ХИВ, а присуствуваа и членовите Флора Кадриу и Зекир Абдулов.
Целта на состанокот беше да се дојде до подобро разбирање на спецификите на дискриминацијата поврзана со здравствениот статус, а поконкретно со ХИВ-позитивниот статус во нашата земја, што од своја страна ќе доведе до пообјективно и поправично третирање на овие повреди во иднина.