Skip to content
Приспособете ги поставките за согласност

Ние користиме колачиња за да ви помогнеме ефикасно да се движите и да извршувате одредени функции. Подолу ќе најдете детални информации за сите колачиња во секоја категорија на согласност.

Колачињата кои се категоризирани како „Неопходни“ се зачувани на вашиот прелистувач бидејќи се неопходни за овозможување на основните функционалности на страницата.... 

Always Active

Задолжителни (неопходни) колачиња во кои се вклучени: 
- Основни колачиња (сесиски колачиња) 
Сесиските колачиња се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на Вашиот интернет пребарувач додека не ја завршите сесијата на него. Овие колачиња се задолжителни за одредени апликации или функционалности на нашата веб-страница за нејзина правилна работа.Сесиските колачиња се користат со цел да Ви овозможиме да ги добиете услугите кои сте ги побарале преку нашата веб страница. Без овие колачиња, услугите кои сте ги побарале нема да може да Ви бидат испорачани. Овие колачиња автоматски ќе бидат избришани од Вашиот уред со прекинување на тековната сесија или затворање на прелистувачот. Овие колачиња може да се користат за запомнување на Вашите претходни активности како што е на пример пополнување на апликација за вработување („Apply for this job“), при враќање на претходната страница за време на истата сесија (користење на „go back“ опција).

Функционални (постојани) колачиња 
Ние користиме постојани колачиња за подобра услуга на нашите корисници (на пример, обезбедување оптимизирана навигација). Овие колачиња остануваат во датотеката на колачето на Вашиот пребарувач подолг временски период. Временскиот период зависи од изборот што ќе го направите во поставките на Вашиот интернет-пребарувач. Постојаните колачиња овозможуваат информациите да се пренесат на веб-серверот секој пат кога некој ќе ја посети веб-страницата. Тие можат да ги запомнат деталите за најавување кои го паметат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот. Овие колачиња се зачувани на Вашиот компјутер или мобилен уред и не се бришат автоматски кога ќе го затворите прелистувачот, за разлика од колачето за сесија, кое се брише кога ќе го затворите прелистувачот. Постојаните колачиња се користат само за повторно да Ве идентификуваат при Вашата следна посета. 
Овие колачиња ни овозможуваат да се запомнат претпочитаните опции кои сте ги избрале при претходната посета на нашата веб страница, како што се приказот на веб страницата.

Аналитички/Колачиња за перформанси во кои се вклучени: 
Колачиња од трети страни „Third Party Cookies“ 
Овие колачиња собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пример страници на кои одите и какви било пораки за грешка што Ви се случуваат. Овие колачиња не собираат информации што Ве идентификуваат, тие се анонимни и помагаат да се подобри функционирањето на веб страницата.
Колачињата можат да се користат во следниве категории: Google Analytics, Google Ads.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за перформанси на веб-локацијата, што помага во обезбедувањето подобро корисничко искуство за посетителите.

Колачињата за рекламирање се користат за да им се обезбедат на посетителите приспособени реклами врз основа на страниците што сте ги посетиле претходно и да се анализира ефективноста на рекламните кампањи.

KSZD

Јавен повик за вработување во КСЗД, преку мобилност со трајно преземање

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик за изразување интерес за пополнување на работни места преку мобилност со трајно преземање.

Јавниот повик е насочен кон вработените во јавниот сектор кои би имале интерес и желба да работат во Комисијата, а кои согласно чл. 44 од Закон за вработените во јавниот сектор ќе бидат трајно преземени на работно место на исто ниво односно на работно место за кое ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани во Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавниот повик за пополнување на работни места во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се распишува за следниве работни места:

 

  1. УПР0101В01000 Советник за правна заштита, Одделение за заштита и спречување на дискриминација и промовирање на принципот на еднаквост, Сектор за заштита и спречување на дискриминација – 2 извршители

Општи услови

–              да е државјанин на Република Северна Македонија,
–              активно да го користи македонскиот јазик,
–              да е полнолетен,
–              да има општа здравствена способност за работното место и
–               со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                     Посебни услови

–              ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 – Правни науки
–              најмалку три години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции:

–              решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
–              учење и развој;
–              комуникација;
–              остварување резултати;
–              работење со други/тимска работа;
–              стратешка свест;
–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции

–              активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
–              активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. УПР0101В01000 Советник за правни прашања и управување со човечки ресурси, Одделение за административни работи, Сектор за административни и финансиски прашања– 1 извршител

Општи услови

–              да е државјанин на Република Северна Македонија,
–              активно да го користи македонскиот јазик,
–              да е полнолетен,
–              да има општа здравствена способност за работното место и
–               со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                     Посебни услови

–              ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 – Правни науки
–              најмалку три години работно искуство во струката.

Општи работни компетенции:

–              решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
–              учење и развој;
–              комуникација;
–              остварување резултати;
–              работење со други/тимска работа;
–              стратешка свест;
–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции

–              активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
–              активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

  1. Преведувач на македонски и албански јазик, Одделение за административни работи, Сектор за административни и финансиски прашања– 2 извршители

Општи услови

–              да е државјанин на Република Северна Македонија,
–              активно да го користи македонскиот јазик,
–              да е полнолетен,
–              да има општа здравствена способност за работното место и
–               со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

                     Посебни услови

–              ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 Наука за јазикот (лингвистика) или Образование
–            со или без работно искуство во струката – 1 извршител
–            најмалку три години работно искуство во струката – 1 извршител.

Општи работни компетенции:

–              решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
–              учење и развој;
–              комуникација;
–              остварување резултати;
–              работење со други/тимска работа;
–              стратешка свест;
–              ориентираност кон клиенти/засегнати страни и
–              финансиско управување.

Посебни работни компетенции

–              активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
–              активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

 

Сите заинтересирани треба да испратат своја професионална биографија (CV), мотивациско писмо (не подолго од 1 страна), звање, категорија и ниво на моменталното работно место), согласно класификацијата на работните места на административните службеници од Законот за административни службеници.

Кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг, а ги исполнуваат општите и посебните услови за слободните работни места од Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе бидат повикани на интервју. По спроведените интервјуа Комисијата ќе направи селекција на кандидати/ки за кои ќе започне постапка за добивање согласност од нивните раководни лица, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии.

Заинтересираните лица треба да ги достават споменатите документи на contact@kszd.mk со назнака “За јавен повик за изразување интерес за вработување во КСЗД”.

Leave a Reply