KSZD

Јавен повик за експерти за стручна поддршка на КСЗД

Врз основа на член 21 став 1 точка 22 од Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 258/20),  а во врска со член 3 од Правилникот за формирање советодавни тела од експерти за одредени специфични прашања поврзани со промоција, спречување и заштита од дискриминација бр. 01-182/1 од 16.2.2023 година, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (во натамошниот текст: Комисијата) објавува

Ј А В Е Н  П О В И К
за формирање на листи на експерти за стручна поддршка на Комисијата

  1. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација согласно член 21 став 1 точка 23 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, може да формира советодавни тела од експерти за одредени специфични прашања поврзани со унапредување, спречување и заштита од дискриминација, за кои има потреба од стручна поддршка.
  • Советодавните тела согласно член 2 став 2 од Правилникот за формирање советодавни тела од експерти за одредени специфични прашања поврзани со промоција, спречување и заштита од дискриминација, се формираат како привремени (ad hoc) тела за стручна помош и поддршка при постапување по конкретен предмет или во случај кога Комисијата по сопствена иницијатива постапува по предмет за упатување на општа препорака во случај на дискриминација на поголем број лица.
  • Листи на експерти кои можат да дадат стручна поддршка се формираат за следните области:
  • работата и работните односи;
  • образование, наука и спорт;
  • социјална сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјална заштита, пензиско
                  и инвалидско осигурување, здравствено осигурување и здравствена заштита;
  • правосудство и управа;
  • домување;
  • јавно информирање и медиуми;
  • јавни услуги;
  • политички партии, здруженија, фондации, синдикални или други организации
                  засновани на членство;
  • култура,
  • право
  • финансии и
  • сите други области.
  • Заинтересираните кандидати се пријавуваат на повикот електронски на info@kszd.mk со доставување на своја кратка биографија, мотивациско писмо и референци од кои може да се утврди полето на експертиза на пријавените кандидати.

Leave a Reply

Skip to content