KSZD

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО КСЗД ПРЕКУ МОБИЛНОСТ СО ТРАЈНО ПРЕЗЕМАЊЕ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација објавува јавен повик за изразување интерес за пополнување на работни места преку мобилност со трајно преземање.

Јавниот повик е насочен кон вработените во јавниот сектор кои би имале интерес и желба да работат во Комисијата, а кои согласно чл. 44 од Законот за вработените во јавниот сектор ќе бидат трајно преземени на работно место на исто ниво, односно на работно место за кое ги исполнуваат општите и посебните услови пропишани во Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Јавниот повик за пополнување на работни места во Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се објавува за следниве работни места:

1. УПР0101В04000    Помлад соработник – Преведувач на македонски и на албански јазик, Одделение за општи и правни работи, Секторот за административно-финансиска поддршка.

Стручни квалификации:

Ниво на квалификациите – најмалку VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Хуманистички науки – јазици и литература.

Со или без работно искуство во струката.

2. УПР0101В01000 Советник за односи со јавност, Одделение за односи со јавноста, Сектор за административно-финансиска подршка.

Стручни квалификации:

Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Општествени науки – Политички науки или други општествени науки  Организациони науки и управување (менаџмент), Јавна управа и администрација).

Најмалку три години работно искуство во струката.

3. УПР0101В04000 Помлад соработник за промотивни активности, Одделение за односи со јавноста, Сектор за административно-финансиска поддршка.

Стручни квалификации:

Ниво на квалификациите – најмалку VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Општествени науки- Политички или други општествени науки (Организациони науки и управување (менаџмент)).

Со или без работно искуство во струката.

4. УПР0101Г01000 Самостоен референт – Веб администратор, Одделение за односи со јавноста, Сектор за административно-финансиска поддршка.

Стручни квалификации:

Ниво на стручни квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование (гимназија или средно стручно училиште).

Најмалку три години работно искуство во струката.

5. УПР0101В01000 Советник за заштита од дискриминација, Одделение за заштита од дискриминација, Сектор за спречување и заштита од дискриминација.

Стручни квалификации:

Ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Општествени науки – Право.

Најмалку три години работно искуство во струката.

Сите заинтересирани кандидати треба да испратат своја професионална биографија (CV), мотивациско писмо (не подолго од 1 страна), звање, категорија и ниво на моменталното работно место), согласно класификацијата на работните места на административните службеници од Законот за административни службеници.

Кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг, а ги исполнуваат општите и посебните услови за слободните работни места од Правилникот за систематизација на работните места на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе бидат повикани на интервју. По спроведените интервјуа, Комисијата ќе направи селекција на кандидати за кои ќе започне постапка за добивање согласност од одговорните лица на институциите во кои се вработени, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за финансии.

Заинтересираните лица треба да ги достават потребните документи на contact@kszd.mk со назнака “За јавен повик за изразување интерес за вработување во КСЗД” најдоцна до 08.05.2023 година.

Leave a Reply

Skip to content