Целта на овој повик е да се добијат информации и приберат податоци за искуства и ставови за дискриминаторските практики кои се присутни во нашето општество во областа работни односи на било кој основ на дискриминација, како и за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) и другите закони кои важат во областа работа и работни односи кои се на сила, а кои ја опфаќаат и заштитата од дискриминација (на пример, Законот за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица, итн).
Овој повик е отворен за сите физички лица и за сите правни лица (особено за граѓански организации, синдикати, професионални здруженија, но и државни институции) кои имаат искуства, сознанија, податоци или публикации од било кој формат (извештаи, документи за јавни политики и слично) во врска со дискриминација во работа и работни односи, а кои би сакале да ги споделат со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
Особено охрабруваме на овие јавни консултации придонес да дадат жените Ромки, како и правните лица кои работат со Роми (особено со жени Ромки, ЛГБТИК Ром(к)и и Ром(к)и со попреченост), како и жените (цис и транс жените) и правните лица кои работат со родова еднаквост, лицата со попреченост и правните лица кои работат со лица со попреченост (особено жените со попреченост, ЛГБТИК лицата со попреченост, лицата од помалите етнички заедници со попреченост) и/или со ЛГБТИК лицата и правните лица кои работат со ЛГБТИК лица (особено транс лицата, ЛГБТИК лицата Ром(к)и или ЛГБТИК лицата од помалите етнички заедници и ЛГБТИК лицата со попреченост).
Сите заинтересирани лица кои сакаат да дадат свој придонес кон јавните консултации треба да го пополнат најдоцна до 31 октомври 2023 година, формуларот на следниов линк:
https://www.surveymonkey.com/r/DDYWDBXhttps://www.surveymonkey.com/r/DDYWDBX.
Детално информирајте се за повикот на следниов линк:
Затворање на консултацијата: 31 октомври 2023 година.