KSZD

ЈАВНА КОНСУЛТАЦИЈА ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА ВО ОБЛАСТ РАБОТА И РАБОТНИ ОДНОСИ – ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ПРИДОНЕСИ

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација го продолжува рокот за примање на придонеси во рамки на јавната консултација чија цел е да се приберат податоци за искуства и ставови за дискриминаторските практики кои се присутни во нашето општество во областа работни односи на било кој основ на дискриминација, како и за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) и другите закони кои важат во областа работа и работни односи кои се на сила, а кои ја опфаќаат и заштитата од дискриминација (на пример, Законот за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица, итн).

Овој повик е отворен за сите физички лица и за сите правни лица (особено за граѓански организации, синдикати, професионални здруженија, но и државни институции) кои имаат искуства, сознанија и податоци во врска со дискриминација во работа и работни односи, а кои би сакале да ги споделат со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).

Повикот и насоките за испраќање на придонеси во врска со истиот можете да ги најдете на следниов линк: https://drive.google.com/file/d/1ogPGd8AB3Tut4OYXpduat-ZqXtbmFm4A/view?usp=share_link

Рок за давање на придонес: 20 ноември 2023 година.

Leave a Reply

Skip to content