Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора јавна консултација, чија цел е да се приберат податоци за искуства и ставови за дискриминаторските практики кои се присутни во нашето општество во областа работни односи на било кој основ на дискриминација, како и за спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД) и другите закони кои важат во областа работа и работни односи кои се на сила, а кои ја опфаќаат и заштитата од дискриминација (на пример, Законот за работни односи, Законот за вработување на инвалидни лица, итн).
Оваа јавна консултација е отворена за сите физички лица, експертската јавност и за сите правни лица (особено за граѓански организации, синдикати, професионални здруженија, но и државни институции) кои имаат искуства, сознанија и податоци во врска со дискриминација во работа и работни односи, а кои би сакале да ги споделат со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Деталите за тоа како можете да дадете свој придонес кон оваа јавна консултација можете да ги најдете во повикот на следниов линк: https://tinyurl.com/25zm5f4f
Рок за давање на придонес: 31 мај 2024 година.